Известувања

Известувања за сезона 2024/25

_________________________________________________________

Котизација за учество во Супер лига, Прва лига машки и Втора лига треба да се плати до 27.09.2024 година на сметка на федерација:
300000000543139 Пингпонгарска федерација на Македонија
Депонент Комерцијална Банка
Сумите се следните: 
Супер лига - 6000 денари
Прва лига машки - 4000 денари
Втора лига - 2500 денари
Доколку ви е потребна фактура ве молам да ме известите и ќе ви доставиме.
Оние клубови кои нема да уплатат до дадениот рок нема да бидат ждребани за сезона 2024/25 година.
Планирано е лигашките натпревари да започнат на 6ти октомври. По одобрување на календарот од Управниот Одбор ќе бидете известени за сите термини во оваа полусезона.
___________________________
Ве повикуваме да пријавите екипа за јуниорската лига (машка и женска) за сезона 2024/25. Екипата треба да се состои од најмалку двајца играчи. Странски играчи немаат право на настап. Во машката лига право на настап ќе имаат само момчињата, а во женската само девојчињата. 
Пријавата испратете ја на мејл: technical.secretary.This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. најкасно до 18.09.2024.
 
Поздрав,

Известувања за сезона 2023/24

Известувања за сезона 2022/23

_________________________________________________________

Проспект за Балканско ветеранско натпреварување.

Извештај за сезона 2022/23 година за сите лиги.

Пропозиции за Државно Првенство категорија У21 2023

Пропозиции за Државно Првенство категорија У15 2023

Пропозиции за Државно првенство категорија У19 2023

Пропозиции за Државно првенство категорија У13 2023

Пропозиции за Државно првенство категорија У11 2023

Пропозиции за Телеком Мастерс 2 - У19 2023, Прилеп

Пропозиции за Телеком Мастерс 2 -У 15 2023, Прилеп

Пропозиции за Телеком Мастерс 2 - У13 2023, Прилеп

Пропозиции за Државно Првенство на Р.С. Македонија 2023 во категорија сениори/ки, Скопје

Пропозиции за Телеком Мастерс 1 категорија сениори/ки - 26.02.2023, Прилеп

Пропозиции за Телеком Мастерс 1 категорија У15 - 25.02.2023, Прилеп

Пропозиции за Телеком Мастерс 1 категорија У19 - 18.02.2023, Прилеп.
Пропозиции за Телеком Мастерс 1 категорија У11 - 18.02.2023, Прилеп.
Пропозиции за Телеком Мастерс 1 категорија У13 - 19.02.2023, Прилеп.

____________________________________________________

Почитувани клубови,

Управниот одбор на ППФСМ на седница одржана во текот на месец Септември го одобри продолжувањето на работата на тренинг центрите во четири града во државата за дополнителна работа со репрезентативци во сите младинските категории со инцијален период до крај на 2022 година.

Тренинг центрите ќе функционираат во Штип, Прилеп, Скопје и Крива Паланка со анагажман на следните тренери Сашко Богатинов во Штип, Зоран Јовановски во Прилеп, Роберт Стаменковски во Крива Паланка додека во Скопје ќе се определи тренер за најкраток можен рок. Дополнителните тренинзи ќе се одржуваат два пати неделно по 2 часа и ќе се однесуваат за сите репрезентативци кои имаат обезбедено редовен тренажен процес под надзор на тренери во нивните клубови.

Дополнително, федерацијата е во завршна фаза на одобрување на долгорочен проект за субвенционирање на работа на тренери во рамки на клубовите членки на ППФСМ кои ќе формираат и селектираат нови групи со деца млади пинг понгари. Посебен фокус во конкурсот ќе се даде на долгорочната работа со најмладата старосна категорија под 10 години а со посебен фокус на деца на возраст 6-8 години. Ги известуваме сите тренери/клубови дека наскоро ќе биде објавен конкурс за пријавување на заинтересираните клубови/тренери.

Спортски поздрав,

Пинг понгарска федерација на С.Македонија

Претседател

Горан Тиловски  

____________________________________________________________________________

Ве потсетуваме да извршите уплата на котизација за учество во лига до 02.10.2022. Фактурите се доставени на емаил адреса до сите клубови. Доколку некој не добил мејл нека пише на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.. За учество на ждребот кој ќе се одржи истиот ден уплатата мора да е направена.

Исто така ве потсетуваме дека сите играчи кои ќе учествуваат во било која лига или турнир организирани од ППФСМ мора да имаат валидна лекарска потврда не постара од 6 месеци. Лекарските потврди може да ги издаде:

Здравствената контрола на учесниците во спортските активности ја врши лекар специјалист по спортска медицина.
Во општините во кои нема специјалист по спортска медицина, здравствената контрола на спортистите ќе ја врши лекар - специјалист по општа медицина или специјалист по внатрешни болести.
Лекарските потврди може да ги пратите на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или доколку не се запишани(заверени во базата на ППФСМ), потврдите мора да ги носите со себе на секој натпревар.

____________________________________________________
________________________________________________________
Пријавени се следните екипи за јуниорската лига:
Мажи: Астраион, Крива Паланка, Пелагонија, Куманово, Дебар Маало, Вардар, Берово, Кавадарци, Младост 96, Рисови, Телеком Нец, Младост.
Жени: Крива Паланка, Крушево, Берово, Кавадарци, Рисови, Младост 96.
Доколку има некои пропусти во листата на екипите ве молиме да не известите до 25 Август.
Право на настап имаат сите регистрирани играчи на екипите со валидни лекарски потврди родени во 2003 и помлади за есенската полусезона и родени 2004 и помлади за пролетната полусезона.
Во машката јуниорска екипа не е дозволено да настапат јуниорки и обратно во женската јуниорска екипа не е дозволено да настапат јуниори.
___________________________________________
Пријавувањето за јуниорската лига е до 15ти август. Една екипа треба  да содржи најмалку двајца играчи. Лигата ќе се игра турнирски па затоа ни е потребен број на екипи кои би учествувале за да се резервираат термини во календарот.
Пријави се праќаат на емаилот: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.  и после 15ти август нема да се прифатат.
____________________________________________

ППФСМ објавува покана за судии за турнирот WТT Youth Star Contender Skopje кој ќе се одржи од 7ми до 11ти септември 2022 во сала Борис Трајковски, Скопје. Предност ќе имаат меѓународните судии, а доколку нема доволна бројка може да се пријават и национални судии кои би суделе само на деновите кога ќе се играат квалификациските натпревари. Дневницата за меѓународните судии ќе е 40 долари за тие со бела значка и 45 долари за тие со сина значка, додека за националните судии ќе биде дефинирана покасно согласно со побарувањата на WTT. Судии кои не се вакцинирани нема да се земат во предвид.

Пријавите терба да содржат име, презиме, ниво на судија(национален, меѓународен), контакт информации(телефон, емаил) и статус за вакцинација за ковид и да бидат испратени на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. до 5ти август.
________________________________________

Преодниот рок на играчи ќе биде во терминот од 1 Август 2022 година до 15 Август 2022 година. Клубовите во тој период имаат обврска да извршат пререгистрација на играчите кои ќе настапуваат во сезоната 2022/23. Во истиот период клубовите ќе имаат право да регистрираат нови играчи.
Доставувањето на барање за премин од еден во друг клуб до ППФСМ го доставуваат клубовите за кои што играчот ќе настапува во сезоната 2022/23. Клубовите во прилог треба да достават исписница за играчот од клубот за кој што играчот настапувал. Во случај играчот да не можи да обезбеди исписница, до ППФСМ да се достави изјава од играчот дека нема договор со клубот за кој што настапувал, и согласност дека играчот ќе настапува за клубот во кој преминува. За малолетните играчи изјавата и согласноста ја потпишува родител/старател.
Исто така во периодот на преоден рок клубовите од Супер и прва лига треба да ги пријават и играчите од категоријата У - 21 кои за нив ќе настапуваат со двојна регистрација.
Приговори во врска со преодниот рок клубовите ќе можат да поднесат до ППФСМ од 16 до 20 Август 2022 година.

Известувања за сезона 2021/22

РЕЗУЛТАТИ ЈУНИОРСКА ЛИГА ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ - Крива Паланка

Јуниори

Финале

Крива Паланка - Крушево 3:2

3 место

Астраион - Пелагонија 3:1

1/2 Финале

Крива Паланка - Астраион 3:0

Крушево - Пелагонија 3:0

5 место

Шампион Фа - Куманово 2:3

7 место

Вардар - Зегин Берово 0:3

5-8 Место

Вардар - Шампион ФА 0:3

Зегин Берово - Куманово 0:3

1/4 Финале

Крива Паланка - Вардар 3:0

Астраион - Шампион Фа 3:1

Крушево - Зегин Берово 3:0

Пелагонија - Куманово 3:1

Јуниорки

Финале

Крива Паланка - Крушево 3:1

3 место

Берово - Крушево 2  0:3

1/2 финале

Крива Паланка - Берово 3:0

Крушево - Крушево 2  3:0

 

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

РЕЗУЛТАТИ ЈУНИОРСКА ЛИГА КВАЛИФИКАЦИИ - Струмица

Јуниори Група А

Зегин Берово - Крива Паланка 0:3

Јуниори Група Б

Шампион ФА - Младост 96 - 2 3:0

Шампион Фа - Крушево 1:3

Крушево Младост 96 - 2 3:0

Јуниори Група Ц

Младост 96 - Вардар 2:3

Пелагонија - Младост 96 3:0

Вардар - Пелагонија 0:3

Јуниори Група Д

Куманово - Агро Милениум 3:0

Куманово - Астраион 0:3

Астраион - Агро Милениум 3:0

Јуниорки Група А

Крива Паланка - Агро Милениум 3:0

Крушево - 2 - Берово -2 3:0

Крушево - 2 - Крива Паланка 1:3

Берово - 2 - Агро Милениум 3:0

Агро Милениум - Крушево - 2 0:3

Крива Паланка - Берово - 2 1:3

Јуниорки група Б

Крушево - Младост 96 3:0

Берово - Крушево 0:3

Младост 96 - Берово 0:3

----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

 

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај