Повик за полагање за судии

Почитувани,

Судиската комисија при ППФМ организира полагање за национални судии во тек на месец декември 2023 година. Полагањето ќе биде онлајн и на македонски јазик – ќе добиете ексел тест кој ќе треба да го решите за 1 час и да го пратите назад. Материјали за полагање можат да се најдат на следните линкови:

-              http://pingpong.com.mk/index.php/others-7/2018-11-21-14-00-13 - постари верзии на македонски јазик

-              https://www.ittf.com/wp-content/uploads/2023/07/HMO-17th-edition-July-2023.pdf - најнова верзија на англиски јазик

Термин за консултации ќе биде организиран неделата од 3ти до 7ми декеври во зависност како им одговара на повеќето пријавени. Полагањето ќе биде организирано еден ден  од 11ти до 15ти декември исто зависно како на повеќето им одговара.

Оние кои успешно ќе го положат тестот можно е да добијат шанса да судат на Европското првенство до 21 година што ќе се одржи во Скопје, крај на јануари 2024 година.

Пријавите треба да ги содржат следните информации: име, презиме, телефонски број и емаил и треба да ги испратите на следниот емаил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. до 30.11.2023 12 часот.

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај