Известување за годишно собрание 2025

1313Во согласност со одредбите од член 24 од Законот за здруженија и фондациите („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2010со последователни измени), одредбите од член 22, член 27 и член 30 од Статутот на Пинг-понгарската федерација на Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: „Федерацијата“)и во согласност со Одлуката за свикување на седница на изборно собрание на Федерацијата од 31 Март 2025 година,Претседателот на Управниот одбор на Федерацијата, на 2 април 2025 година упатува:


ЈАВЕН ПОВИК
за учество на седница на изборно собрание на Федерацијата


По пат на овој јавен повик се покануваат членовите на Федерацијата да присуствуваат и да учествуваат во работата на седницата на изборното собрание на Федерацијата, кое е закажано за 13 април 2025 година, со почеток во12 часот, во просториите на СЦ Јане Сандански, Конференциска Сала (во понатамошниот текст: „Изборно Собрание“), со следниот предложен Дневен ред:


I. Процедурален дел
1. Утврдување на кворум за работа на седницата на Изборното Собрание;
2. Избор на записничар на седницата на Изборното Собрание; и
3. Избор на двајца заверувачи на потписи на седницата на Изборното Собрание;
4. Избор на работни тела на Собранието на ППФМ:
- Избор на работно претседателство (3 члена);
- Избор на Верификациона комисија (3 члена);
- Избор на кандидациона комисија (3 члена).


II. Оперативен дел
1. Разгледување и усвојување на записникот на седницата на Собранието на ППФМод 28 септември 2024 година;
2. Усвојување на годишна сметка за 2024 година;
3. Финансиски извештај за работата на ППФМ за 2024 година;
4. Извештај на верификациона комисија;
5. Извештај на кандидационата комисија и утврдување кандидати за претседател на ППФМ;
6. Предлог-програма за период 2025-2029година;
7. Избор на Претседател на ППФМ;
8. Избор на органи и тела на ППФМ;
a. Избор на Управен Одбор по предлог на Претседателот на ППФМ;
b. Избор на Потпретседател на ППФМ,по предлог на Претседателот на ППФМ;
c. Избор на Надзорен Одбор на ППФМ,по предлог на Претседателот на ППФМ;
9. Разно;


Ве молиме за задолжително присуство на седницата на Изборното Собрание.
Во прилог кон оваа покана се доставуваат и:
- Образец на полномошно за претставникот на клубот;
- Записникот на седницата на Собранието на ППФМод 28 септември 2024 година;
- Годишна сметка за 2024 година;
- Финансиски извештај за работата на ППФМ за 2024 година;
Јавниот повик е достапен и на официјалната веб адреса на федерацијата.


Претседател на Управен одбор,
Горан Тиловски
Скопје, 2 април 2025година