Посета на претседателката на Светската пинг понг федерација “ИТТФ” на Пинг-понгарската федерација на С.Македонијa

Посета на претседателката на Светската пинг понг федерација “ИТТФ” на Пинг-понгарската федерација на С.Македонија

Во текот на посетата на нашата држава по повод одржувањето на Собранието на Европскиот Олимписки Комитет, претседателката на Светската пинг понг федерација Petra Sorling, од Шведска, оствари работна вечера со претседателот на ППФСМ, Горан Тиловски. На средбата, претседателот на федерацијата ја запозна гостинката со тековните активности на федерацијата со посебен осврт на организацијата на претстоечкиот турнир од светската серија на младински турнир за најдобрите 30 светски играчи кој ќе се одржи во Скопје во месец Септември. Дополнително, со претседателката се договорени идните активности за подршка на нашата федерација во делот на развој на млади играчи и подршка на развој на тренерскиот кадар а од страна на претседателката на светската федерација беше изразено задоволство за активностите на нашата федерација и активност на светската мапа на пинг понгот со дадена подршка за понатамошен развој. Претседателката на светската федерација ја прифати поканата од претседателот Тиловски, за посета на турнирот од светската младинска серија кој ќе се одржи во Скопје во месец, Септември.

viber image 2022 06 19 11 17 33 669

viber image 2022 06 19 11 17 34 268

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај