Пинг- понг федерацијата на Македонија ја одржува својата традиција која датира уште од 1934 година, подржувајќи го спортскиот дух на сите оние кои го се љубители на овој навидум едноставен спорт.
Сите кои доаѓаат во контакт со оваа игра, како обожаватели или пак припадници на пинг-понг клубови се вљубуваат во едноставните правила која ги има, и вештината која треба да се поседува за да се задржи топката на мрежа.
Но, сепак не може да се потцени фактот дека доколку станува збор за професионално занимавање со спорт како што е пинг-понг потребно е долгогодишно учење и усовршување на техниките од причини што пинг-понг е игра на мал простор. Можеби и најспецифичното е во тоа што просторот за игра е мал, топчето е со мал радиус и се движи со голема брзина, а рекетите се од материјал кој има различно својство на одбивање. Поради ова неопходно е присуство на добро изострени рефлекси, автоматизација на движењата и брзо размислување во текот на играта.